Успехот на компанијата често зависи од нејзината способност да стекне што повеќе клиенти, поради што добрите односи меѓу вработените и клиентите се од голема важност.
SAP Business One нуди алатки кои ви помагаат ефикасно да управувате со целиот процес на продажба и последователната комуникација со клиентот - од првиот контакт до крајната продажба, сè до услугите и поддршката по продажбата.
Интегрираната функционалност на оваа апликација нуди комплетен преглед на потенцијалните и реалните клиенти, со што ви олеснува да ги разберете потребите на клиентите и да дадете одговори на нив. Со ова се постигнуваат повеќекратни предности: потенцијалните клиенти стануваат вистински потрошувачи, прометот и профитабилноста се зголемуваат, како и задоволството на клиентите.